Партијата Левица денеска ќе организира протест и прес-конференција пред пред некогашната фабрика „Треска“ во Општина Центар, каде што сега се градат станбени објекти.
-Ве повикуваме денеска со почеток од 12 и 15 часот за пресконференцијата и симболичен протест, во однос на бетонското чудовиште кое се гради на тоа место, спротивно на јавниот интерес, како и правилата и прописите, велат од партијата преку соопштение.
Соопштуваат дека тројцата советници од Левица во општина Центар, побарале од службите на општината информација дали е побарано и издадено барање за одобрение за градење, по што добиле негативен одоговор.
-Наместо Герасимовски да иницира нов ДУП, медиумите објавија дека во април е издадено првото решение за градење, од кое ќе се офајдат компаниите ,,Голден арт” и ,,Мега акустик”. За овој простор, се води истрага за можен криминал при денационализацијата, криминал од сериозни размери со кој се оштетени како стечајците така и општината, посочуваат од партијата.
Во кругот на фабриката веќе се гради првата зграда. Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“, по поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска.