Левица: Меџити на службениот фб-профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик

од Vladimir Zorba
436 прегледи

„Фатмир Меџити, министер за здравство на службениот фејсбук профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик. Односно, сите текстови се напишани на албански јазик, а потоа е даден превод на македонски јазик или, пак, воопшто нема превод“, соопштија од Левица.

„Со ваквиот однос кон употребата на македонскиот јазик, кој е службен на цела територија на Македонија, тој го крши Законот за употреба на јазиците, според кој македонскиот литературен јазик со неговото кирилско писмo е прв службен јазик за официјална употреба. Не e дозволено неговото непочитување од страна на функционери кои се поставени на високи позиции во владеaчката структура. Министерот и во својот опис на официјалниот фејсбук профил единствено пишува на албански јазик, што е експлицитно непочитување на македонскиот народ и држава.

Го потсетуваме министерот Меџити, на кого непрекинато го следат скандали во краток период, дека живее и работи во Република Македонија и според постоечкиот Закон за употреба на јазиците, должен е секое негово писмено обраќање до јавноста, да биде пред се’ на стандарден македонски јазик со употреба на стандарден правопис и кирилско писмо“, истакнаа од партијата на Апасиев.

Слични содржини