Левица ги критикува властите поради бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби и бараат да се распише потерница. Според опозициската партија, случајот на Груби не е изолиран инцидент, туку последица на системски хаос и врхушка која го користи државниот апарат како личен сервис. Од партијата го споредуваат овој случај со бегството на екс-премиерот Никола Груевски, односно дека дојавите доаѓаат директно од институциите кои треба да спречуваат криминал, а не да го олеснуваат. Упатија критики и кон министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
-И наместо веднаш да се побара екстрадиција, Тошкоски преку медиумите го моли Груби да се врати во државата. Случајот со Васко Ковачевски од пред само неколку дена и овој со Груби покажуваат дека наместо правда, институциите стануваат соучесници во организираниот криминал, велат од партијата на Димитар Апасиев.
Судот со делумна одлука на барањето на Обвинителството за определување мерки на притвор за случајот со „Државна лотарија“. Засега се одредени само за дел од нив. За другите постапката трае. Се уште се одлучува за притворот за Груби и екс-директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами.