Левица не ги поддржува интерпелациите на Тошковски, Исени, Меџити и Стоилковиќ

од Nikola Popovski
25 прегледи

Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите за министрите Панче Тошковски, Изет Меџити, Иван Стоилковиќ и заменикот Астрит Исени кои денеска се на дневен ред на Собранието, а се поднесени од страна на Европскиот фронт, предводен од ДУИ.

-Сметаме дека интерпелацијата на Тошковски е етнички мотивирана, не се наброени пропустите во работата на Тошковски кои ги има многу, а сметаме дека останатите интерпелации се за да се покрие етничкиот мотив во првата интерпелација – истакна пратеникот од Левица, Борислав Крмов кој додаде дека Левица нема да ги поддржи овие интерпелации, велат од Левица.

Пратениците денеска се вратија на работа со нова седница на која се ставени пет интерпелации. Три за министри, една за заменик министер и за претседателка на собраниска комисија. Се дискутира за работата на првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и за неговиот заменик Астрит Исени. Сите интерпелации против владините функционери се поднесени од Европскиот фронт, предводен од ДУИ.

Генералната забелешка за 4-цата е поради неспособност и неуспех во справувањето со меѓуетничките односи, и со справувањето со инцидентите кои се случија на Денот на албанското знаме. На претседателката на Собраниската комисија за социјална политика Илире Даути, пак, Левица и замерува несвикување на Комисијата за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства.

-Очекувам неосновани критики кои немаат врска со реалноста, коментира премиерот Христијан Мицкоски.

Социјалдемократите веќе се изјаснија дека нема да ги поддржат интерпелациите на министрите. Тие ја напуштија седницата уште на самиот почетокот и не учествуваат во дебатата

29-та собраниска седница започна денес, но не значи дека тогаш и ќе заврши имајќи предвид дека пратениците имаат можност за секоја интерпелација одделно да дискутираат цел ден и пред полноќ да се изјаснат.

Слични содржини