Левица обвинува: Собранието измислува заменик-директорско место во Царина за да ги „ухлеба“ кадрите на ЗНАМ

од Nikola Popovski
48 прегледи

Првите 100 дена од Владата се окарактеризирани само по лаги и зголемување на привилегиите. Сега за да се ухлебат кадрите на ЗНАМ, Собранието ќе измислува нова функција-заменик директор на Царината, обвини денеска пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ.

Според него, тоа што го ветуваше ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт – намалување на државната управа, сега се одвива во друга насока.

-Кога ние предупредувавме дека го зголемувавме државниот апарат со зголемување на бројот на министерства, владеачката коалиција лажеа дека ќе се оптимизираат непотребните места и функции. Тенденцијата на СДСМ и ДУИ продолжува и во овој мандат. Објаснувањето на пратениците на ЗНАМ дека ова нема да има финансиски импликации – не е точно. Крајно време е да прекине злоупотребата на државната управа, кажа Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.

Тој обвини и дека секој закон се води преку скратена постапка.

Слични содржини