Левица организира протест против изградбата на 17-катница во близина на болницата „8-ми септември“

од Nikola Popovski
370 прегледи

Левица за утре во 12 часот, организира протест против предвидената изградба на 17-катница во Карпош 2, во близина на државната болница „8-ми септември“ и приватната болница „Клиника Жан Митрев“. Од партијата велат дека „преку изигрување на одлуките на Советот на општината, Градоначалникот Стевче Јакимовски одобри парцелизација на земјиштето помеѓу бензинската на Макпетрол и болницата Жан Митрев, и со тоа овозможи инвеститорот да се стекне со простор за изградба на 60 метарска бетонска градба, на локација која не предвидува никаков објект“.

Од партијата додаваат дека „веќе реагирале дека зградата доби невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик, поранешна „Воена болница“.

-Советот на Општина Карпош изгласа одлука за СТОПИРАЊЕ И РЕВИЗИЈА на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на активностите, додаваат од Левица во повикот за протест.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“. Дозволата од вчера, 1 февруари, е правосилна и градежникот „ЗСФ Ком“ веќе е на терен се подготвува за почеток на градба.

Слични содржини