97
Левица денеска соопшти дека поднела интерпелација до Собранието за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски поради, како што велат, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршил својата функција.
Укажуваат на сериозни институционални пропусти, селективна одговорност и прикривање на лица кои требало да дејствуваат.
Според пратеникот Сашко Јанчев, интерпелацијата е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагедијата во Кочани.
-Не сме разговарале со опозициските партии. Нашата пратеничка група има доволен број на членови за да поднесе интерпелација. Понатаму ќе видиме каква ќе биде поддршката, рече Јанчев на прес-конфереција во Собранието.