Левица поднесе кривична против Мицкоски поврзана со трагедијата во Кочани

од Nikola Popovski
279 прегледи

Пратеничката група на Левица поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „попречување на правдата“, поврзано со трагедијата во Кочани. Партијата замерува што и покрај пропустите на работата на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, констатирани од Владата, ја прекинаа постапката за негово разрешување, со цел да обезбедат селективна истрага, односно алудираат на тоа што седумина функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што велат, се поштедени од кривичен прогон.

-Станува збор за началничката на ОВР Кочани, началникот на Одделот за криминалистички работи во Кочани, началникот на СВР Штип, главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани, сменоводителот во ПС Кочани, сопственикот на приватната агенција за обезбедување и директорот на ДПИ, Влатко Стојковски. Сметаме дека нудењето некаква корист е со цел вмровските функционери да не бидат опфатени. Дел од овие луѓе му биле советници на министерот Панче Тошковски во Пржинската влада. Второто се однесува на тоа дека обвинението е криво поставено односно не можете 60 луѓе да обвините за исто кривично дело. Ако корупцијата убива, ниту еден од овие не е обвинет за корупција туку за тешки дела против безбедноста што во понатамошната постапка постои ризик да падне обвинението пред Суд. Не можете сите да ги обвините за предизвикување пожар и општа опасност, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев пред зградата на Јавното обвинителство.

Апасиев предлага распит на премиерот Мицкоски од ЈО.