Левица поднесе кривична против пратеникот Велјановски

од Nikola Popovski
44 прегледи

Левица поднесе кривична пријава против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски за кривично дело – Несовесно работење во службата, казниво по чл. 353 – в, од Кривичниот законик. Како што наведуваат причината е тоа што Велјановски го прекршил Деловникот на Собранието и го прекршил уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа.

-Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ. Левица тогаш поднесе 2673 амандмани. Согласно Деловникот, матичната комисија и Законодавно-правната комисија, пратениците имаат рок за расправа од по три дена од отворањето на расправата. Но, спротивно на Деловникот, претседателот на Законодавно-правната комисија од ДПМНЕ Велјановски, кој воедно е и човекот кој во Собранието имаше обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев, одлучи расправата да трае само петнаесет минути, порачаа од опозициската партија.

На 21 ноември, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.

Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство. Интервенираше и собраниското обезбедување. Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов со Велјановски, за малку не си разменија тупаници.

Со цел да се избегне поголем инцидент, спикерот Африм Гаши ја прекина седницата и го повика собраниското обезбедување да интервенира.

Подоцна од Левица информираа дека „била навредувана сестрата на Апасиев“.

Слични содржини