Левица поднесува закон за ограничување на патните трошоци на пратениците и обвини дека дел од нив наплаќале кирии од 400 евра

од Nikola Popovski
54 прегледи

Левица најави дека во понеделник ќе поднесат Закон за патни трошоци со кој драстично ќе се намали, како што велат, расфрлањето со народни пари од страна на пратениците. Од партијата информираат дека за време на мандатот на претходниот собраниски состав, пратениците инкасирале над еден милион евра. Објавија информации дека за 2019 година бил исплатен износ од 390.993 евра, за 2018 година исплатен износ од 522.930 евра, за 2017 исплатен износ од 512.000 евра, за 2016 исплатен износ од 698.797 евра, а за 2015 исплатен износ од 770.883 евра.

Според партијата на Димитар Апасиев, покрај злоупотребата на патните трошоци, (гориво, патарини, амортизација), добар дел од пратениците наплаќале кирии во висина од 400 евра месечно, а дел од нив наплаќале за кирии и покрај тоа што поседуваат станови во главниот град.

Од партијата потсетуваат дека Левица е пет години парламентарна партија, но за патни трошоци нема наплатено ниту денар.

Лани во мај беше објавено дека и по 1.000 евра месечно добивале пратеници од тогашниот пратенички состав за патни трошоци до своето место на живеење. Само во 2023 година, за патни трошоци на пратениците биле потрошени над 366 илјади евра (22.554.520 денари), покажуваат податоците според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во предизборната програма на најголемите политички партии воопшто не е споменато укинувањето на патните трошоци.

Слични содржини