Партијата Левица обвинува дека Советот на општина Ѓорче Петров планира на петтата седница на советот на општината која ќе се одржи на 24.12.2025г, да донесе одлука за зголемување на надоместокот на трошоците за престој на деца во ЈОУ за деца детска градинка РОСИЦА -Ѓорче Петров од сегашните 1490 денари на 2000 денари месечно.
Левица критикува дека ова преставува зголемување за неверојатни 33%.
-Во 2026 година, општина Ѓорче Петров ќе реализира буџет од над 23 милиони евра во кој нема униформи за учениците, градинките ќе поскапат за 33% а листата на чекање за упис на деца во градинките бележи рекорди, истакнуваат од партијата на Димитар Апасиев и додаваат дека советниците од Левица во Советот на Општината се апсолутно против ваквата одлука, која дополнително ќе го оптовари оскудниот домашен буџет на родителите.
-Нерационалните политики на општина Ѓорче Петров секогаш ги плаќаат жителите на општината, соопштуваат од Левица.