Владејачката политичка елита ги цеди до крај сите можни привилегии што им ги овозможува функцијата, додека народот едвај преживува. Според последните податоци, пратеникот од Ресен, Кире Божиновски, е меѓу оние кои добиле највисок износ на патни трошоци – околу 13.200 евра за само 13 месеци, или повеќе од 1.000 евра месечно, соопштија од Левица.
,,Граѓаните сè уште чекаат подобро здравство, поддршка за земјоделците и инфраструктурни решенија, а избраниот пратеник од Ресен само инкасира патни трошоци и комотно седи во фотелја. Ова е класичен пример на целосно отуѓување од реалните проблеми на народот.
За разлика од него и мнозинството пратеници, единствените пратеници кои не земаат патни трошоци се пратениците на Левица”, велат меѓудругото од партијата.