Левица предлага укинување на двојазичните декларации на производите

од Nikola Popovski
110 прегледи

Портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ информираше дека партијата вчера до Собранието го доставила Законот за потрошувачи со кој нуди укинување на двојазичните декларации на производите. Ова го нудат, како што велат, во насока на зачувување на националноста на општеството и на сврзувањето и во насока на зачувување на унитарноста на државата.

Од Левица тврдат дека во земјава постои јазична сегрегација кои се обидуваат да ја наметнат „партиите на елитата“.

-Нашата законска измена не е водена од емотивни причини туку просто за зачувување на општото комуникациско средство за граѓаните во Република Македонија. Ја потсетуваме јавноста дека законот го протурка Крешник Бектеши на брза лента во минатиот мандат. Законот има цел и да ја исправи неправдата наметната врз македонските производители и потрошувачи кои што со години трпат финансиски и административни товари наметнати од клиентилистичките политики на режимските партии. Со законот бараме укинување на обврската за задолжителни двојазични декларации и наместо тоа, трговците ќе имаат обврска само на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да ги доставуваат информациите за производите, а можноста за другите јазици е нивно дискреционо право како што треба и да биде, рече Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.

Тој очекува вакво законско решение да им пречи на „режимските партии и партиите на естаблишментот“, но очекува поддршка за негово изгласување.

Слични содржини