Левица предлага законски измени со кои рокот на застарувањето на кривичните дела ќе биде дуплиран

од Nikola Popovski
116 прегледи

Пратениците на Левица во Собранието денеска ќе поднесат предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Според партијата, предлог-измените предвидуваат „отпор кон интересите на корумпираната елита“. Левица предлага застарувањето на кривичните дела да биде дуплирано и оние кои треба да бидат стигнати со правдата, независно во кој момент ќе биде откриен кривичниот чин, да бидат процесуирани на вистински начин и правдата да биде задоволена.

Од друга страна, Левица предлага и додавање на кривични дела во категоријата на делата кои што не застаруваат, како економскиот криминал и злоупотреба на службената положба.

-Поради ова сметаме дека ќе се спречи свесното одолговлекување на судските процеси, со што дополнително се зголемува неказнивоста. Очекуваме дека пратениците ќе покажат доблест и дека не можат веќе да се кријат зад законските норми. Ова треба да биде порака до сите функционери и привилегирани бизнисмени, рече портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ.

Слични содржини