Левица: Само нашите пратеници гласаа против изборот на Џафери

од Stefanija Kuzmanovska
808 прегледи

На денешниот избор на техничката влада, каде македонскиот народ беше понижен со поставување на амнестиран командант на терористичка групација за премиер, само пратениците на Левица гласаа против. Денешниот ден е понижување за сите бранители, кои животот го дадоа за слободна и независна Македонија против терористите во 2001 година, соопштуваат од политичка партија Левица.

„Не сме изненадени што пратениците од ДПМНЕ немаа храброст да гласаат против изборот на Џафери, затоа што токму тие кога беа власт ги амнестираа т.н. Хашки случаи и срамно го поставија Џафери за министер за одбрана. Дури и во најголемиот подем со 63 пратеници на власт, ДПМНЕ никогаш не ги разреши злостосторствата на терористичката ОНА, додека семејствата на бранителите и денес чекаат правда за нивните најблиски“, наведуваат од Левица.

Оттаму додаваат дека поставувањето на Џафери за премиер на техничката влада од страна на „квинслинзите на СДС е последното национално предаство, во кое подеднакво учество и вина имаат двете македонски партии“.

„Македонскиот народ повторно е предаден и погазен со изборот на дезертерот Џафери, и затоа Левица потенцира дека се додека не се расчистат воените злосторства од 2001 година, за македонскиот народ нема да има правда. Левица во својата Програма како приоритет го поставува процесуирањето на т.н. Хашки случаи, за конечно семејствата на македонските бранители да ја дочекаат правдата која им следи“, заклучуваат од партијата.

Слични содржини