Левица со кривична против Гаши поради блокадата на Законот за бранители

од Nikola Popovski
51 прегледи

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев информира дека неговата партија поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Африм Гаши поради блокадата на Законот за бранителите. Законот е заглавен во собраниска процедура откако претседателката на матичната комисија реши да не свикува седница по истиот.

-Ваква ситуација кога претседател на Комисија да не свикува седница по одреден закон и решава да блокира, е предвидена со новиот Деловник на Собранието и оттаму должност и надлежност на претседателот на Собранието да ја одблокира законската постапка. Африм Гаши уште пред месец дена изјави дека нема намера да го одблокира Законот за бранителите и дека нема намера да свикува седница. Со ова, Гаши не си ја исполнува деловничката обврска, прави штета и кривично дело против службената должност. Поради тоа, Левица му поднесе кривична пријава, кажа Јанчев на прес-конференција во Собранието.

Јанчев смета дека целата ситуација е со цел законот никогаш да не дојде на дневен ред.

Слични содржини