Левица: Со новиот Предлог-закон за измени во спортот 25 отсто од ваучерот ќе се исплаќа на странци

од Nikola Popovski

Со новиот предлог-закон за измени во спортот 25 отсто од ваучерот ќе им се исплаќа на странци, велат од Левица. Според партијата, спортистите и спортските клубови очекуваа правични измени во Законот за спортот по повод ваучер-системот, кои беа најавени, „а за возврат добија небулозни нови измени, што ги предложи министерот за правда до Собранието на Македонија, во кои се предвидени 25 % од средствата што ќе се дадат преку ваучерот да може да им се дадат на странци“.

-До Левица пристигаат информации дека средствата што се даваат на годишно ниво преку ваучерот за македонските спортски субјекти воопшто не се доволни за настап на сите натпреварувања што се предвидени на годишно ниво.

Ова е голем удар за македонските спортисти и за спортските клубови бидејќи доколку раководството на клубот одлучи дел од средствата да ги даде на спортист странец, тоа сега ќе може да го направи со овие законски измени!

Со ваквите измени воопшто не се поддржува националниот спорт, напротив, тој системски се уништува и наместо да се вложува во државни тимови и индивидуалци, им се дава предност на странски спортисти!!

Левицата е апсолутно против овие законски измени и ќе се залага за укинување на овие паушални измени, кои се донесени на штета на македонскиот спорт, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Слични содржини