Левица: Сопругата на Бичиклиски стана член на новата Второстепена комисија

од Nikola Popovski
489 прегледи

Во новоформираната Второстепена комисија власта ги ухлебува своите партиски војници, а најочигледен пример е членот во оваа комисија – Маја Бичиклиска, сопруга на поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски. Во оваа комисија, свој член добива и коалициониот партнер – ЗНАМ, преку Ана Весова, која е сестра на Андреја Весов, истакнат активист на ЗНАМ и кандидат за пратеник од нивните редови, обвинија утрово од Левица преку партиско соопштение.

Од опозициската партија наведуваат и дека членови на Второстепената комисија повторно стануваат и Адриан МАМУТИ и Јусуф МИНИРИ, кои претходно беа дел на Комисијата додека на власт беа СДСМ и ДУИ.

-Дали трансферот на овие лица во таборот на ВЛЕН е доволен за ВМРО-ДПМНЕ да ги постави истите членови кои претходно ги критикуваше?! Впрочем, претходната Второстепена комисија, СДСМ ја користеше само за реваншизам со своите политички неистомисленици. Ваквата груба партизација која ја спроведуваат ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, само покажува дека и новата власт ќе продолжи комисиите да ги користи, исклучиво, за свои партиски цели, наместо да работат за интересот на граѓаните, додаваат од партијата на Димитар Апасиев.

Левица го поддржува ставот на Платформата на граѓански организации за борба со корупција, според која – овој начин на менување на легално избрани комисии, претставува упад во системот, наведуваат од партијата.

Второстепената државна комисија е новоформирана комисија и е задолжена за управни постапки и работни спорови.

Слични содржини