Левица тврди дека Апасиев бил нападнат во Благоевград (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
211 прегледи

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист, велат од партијата.

Според Левица, „провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви, за потоа да се истакнуваат и фашистички симболи“.

-Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев! Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија“, соопштија од опозициската партија, прикажувајќи го видеото.

Слични содржини