Левица: Власта го штити нивниот пулен Миленко Неделковски

од Љубиша Владимиров
354 прегледи

Од партијата „Левица“ обвинуваат дека власта свесно го штити извршниот директор на „ФК Вардар“, Миленко Неделковски, и покрај растечкото незадоволство во јавноста.

Иако поминаа седум месеци откако клубот доби нов сопственик, нема никаков напредок, а сопственикот Атила Бијен Жалили сè уште не се има појавено пред јавноста.

Левица укажува дека, според медиумски извештаи, зад Жалили стои турскиот милијардер Аднан Полат преку компанијата „Полат холдинг“, која веќе делува во Македонија во областа на енергетиката и производството на масло од канабис.

Партијата го нарекува преземањето на Вардар контроверзно и политички мотивирано, со сомнителни договори на грбот на клубот.

Дополнително, алармираат дека високи владини функционери се заканувале дека „или Миленко ќе остане директор, или Вардар нема да постои“.

„Левица“ предупредува дека премиерот Мицкоски е подготвен да го жртвува најтрофејниот македонски клуб за да ги задоволи интересите на својот контроверзен поддржувач.

Слични содржини