Левица: ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ изгласаа двојазични лиценци за работа во градинките

од Nikola Popovski
40 прегледи

Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ ги изгласа измените на Законот за заштита на децата со кои се воведуваат двојазични лиценци за работа во градинките, потсетија утрово од Левица преку соопштение.

Според Левица, токму владејачката ВМРО-ДПМНЕ најголем дел од гласовите на граѓаните ги доби со ветување дека ќе се стави крај на политиките кои ги водеше претходната владејачка гарнитура. Потсетуваат дека овие измени на Законот за заштита на децата се со поддршка, од како што велат, несоодветната Комисија за енергетика каде претседател е пратеникот Бојан Стојановски.

-Со досегашното делување, ДПМНЕ јасно ја искажува намерата за продолжуваање и надградување на политиката на кантонизација која ја зацрта СДС. Оваа одлука на ДПМНЕ претставува директна предавничка капитулација пред двојазичните политики кои самите ги осудуваа додека беа во опозиција нарекувајќи ги кривични дела.

Со изгласувањето на двојазични лиценци, ДПМНЕ го легитимира процесот на дезинтеграција на Македонија. Од Рамковниот договор, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, до овој чин, политиките на СДС се продолжуваат со апсолутно мнозинство од страна на партијата која вети дека ќе ја брани Македонија, а сега го користи мандатот за антимакедонски политики, стои во соопштението на партијата на Димитар Апасиев.

На вчерашната 27. собраниска седница, парлментарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ги усвои измените на Законот за заштита на децата, со кои лиценцата за работа која ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст станува двојазични.

Во воведот на Предлог на законот за измнеување и дополнувње на Законот за заштита на децата меѓу другото пишува: „Со предложениот закон се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо“.

Слични содржини