Левица: Во Царината каде што има нови 15 огласи за вработувања, 13 се „чуваат“ за граѓани од албанското, едно место за турското и едно место за ромското малцинство

од Nikola Popovski
240 прегледи

Левица обвинува дека огромиот број на предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува. Според партијата, вакви вработување во моментов се случуваат во Царинската управа.

-Типичен пример за оваа рамковна тиранија е ситуацијата во Царинската управа каде што има нови 15 огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“за граѓани од Албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа. Ја потсетуваме јавноста дека Левица се залага за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице согласно неговите квалификации туку по етнички клуч што воедно претставува и навреда за вработените кои се вработени на овој начин – не според заслугите туку според етничноста, се вели во соопштението од партијата.

Од Левица појаснуваат дека се залагаат за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под, како што велат, етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката.

 

Слични содржини