Очигледно е дека заробеното судство има двојни аршини кога се во прашање високи функционери, чија слобода многу лесно ја остварија, имајќи ги во предвид тежината на кривичните дела за кои беа осудени и штетата која е предизвикана за државниот буџет, велат од Левица во својата реакција на поништувањето на 8-годишната пресуда за Мијалков од страна на Апелациониот суд за предметот Трезор, со која Мијалков беше осуден на 8 години затвор, а кој предмет се однесуваше за опремата за УБК/МВР и услуги, преку која е оштетен буџетот со над 860 илјади евра.
Пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка и предметот е вратен на повторно одлучување на првостепениот суд, додека истата не е на увид на јавноста, велат оттаму.
„Со ова, само дополнително се деградира правосудниот систем, имајќи го во предвид и неодамнешното ослободување на Камчев, кому судот му дозвoли да ги спои двете казни за предметите „Империја” и „Плацови на Водно” и истиот веќе е на слобода“, додаваат од Левица.