ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје и тоа можат и домашните новинари да го воочат со оглед на минатите неколку седници, на кои тоа што се усвојува, е она кое советниците на овие партии го гласаат, вели портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ за „Локално“.
Според него, „обвинувањата од Белата палата се очајни“.
-Нивниот лидер (Христијан Мицкоски) кој не беше кандидат за пратеник на минатите избори и подржа независна кандидатка за градската власт, која потоа се дистанцираше од обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку локалната самоуправа да ја спрема сопствената структура за следните избори – сега посочува кон Левица, единствената автентична политичка опција во Советот, ни потенцира Мециновиќ.
Несомнено, посочува портпаролот на Левица, „членството на ВМРО-ДПМНЕ со скептицизам ја следи состојбата, бидејќи преку пропаганди соопштенија не може да се замати здравиот разум“.
-Тие, како и целата јавност ги воочуваат погрешните одлуки на раководството и последователното бегање од одговорноста, истакнуваат од партијата Левица.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение утрово порача дека СДСМ, Левица и ДУИ се власт во град Скопје и дека директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени токму од тритет партии. Додадоа дека тоа е „најголем доказ за коалицијата која ја споделуваат заедно со ГРОМ“.
-Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ. Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ. Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица. Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица. Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.нЗаменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица. Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ. Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот. Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДСМ туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори. Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра, стои во соопштението од „Белата палата“.
Н.П.