Левица бара да нема застарување на кривичните дела на јавните функционери

од Nikola Popovski

Партијата Левица во својата програма предвидува мерка „Незастарување на кривичните дела“ поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери. Според нив, со оваа мерка ќе се делува превентивно во насока на демотивирање за сторување на ваков тип криминалитет.

„Со резолуцијата, за триесетината предмети „заборавени во фиока“, никој кривично нема да одговара. Со оглед дека Јово Вангеловски беше избран за претседател во времето на владеењето на ДПМНЕ, а добива кривично правно „помилување“ за своите дејствија во време на СДСМ, станува јасно дека владеењето на СДСМ е само продолжена рака на ДПМНЕ со исти аршини на делување, кои апсолутно не се во насока на владеење на правото, она за што впрочем сегашната владеачка гарнитура гласно говореше пред изборите“, велат од партијата.

За нив, на овој начин се поттикнува вакви слични поведенија во иднина да станат пракса без одговорност.

„Впрочем, сегашното позитивно право предвидува и нивна застареност, а од друга страна економскиот систем на државата со сите негови институции трпи незастарливи и неотстранливи последици кои на крај паѓаат на товар на граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини