Левица: Бараме одговорност за пожарот во модуларната болница

од Nikola Popovski

Партијата Левица изразува најдлабоко сочуство до семејствата на трагично починатите во пожарот на модуларната болница во Тетово.

Според нив, „врвот на неспособноста, оваа Влада, на чело со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, го достигна на денот на независноста 8-ми Септември, кога при избивањето пожар во модуларната болница во Тетово, на трагичен и грозоморен начин беа изгубени 14 животи“.

-Одговорност мора да има! Иако владините релативизатори веднаш перфидно се обидоа да го свртат јавниот дискурс што подалеку од барањето вина, Левица не отстапува од барањето одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство, најтемелно да ја заврши својата работа и при најмал сомнеж за било какви неправилности, да отвори постапка за виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата. Оставки мора да има! И при далеку помали трагедии, во било која нормална држава одговорните од државниот врв веднаш поднесуваат неотповикливи оставки. Во Македонија, која во овие 30 години се има претворено во легло на корупцијата и криминалот, практично не постои политичка одговорност, стои во партиското соопштение.

Слични содржини