Политичката партија Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за поништување на Договорот со Бугарија.
Информацијата попладнево ја потврди пратеникот на Левица Борслав Крмов на прес конференција во Собранието.
Пратеникот смета дека е неопходно опозицијата активно да ја блокира работата на Собранието, со што секоја одлука која сака да ја спроведе актуелната власт би била спречена.
-Правници од нашиот тим работат на прашањето кое дефинитивно ќе биде против, ако Џафери се дрзне и оваа иницијатива да ја отфрли , преминуваме на целосна блокада, кажа Крмов.