Левица преку соопштение денеска посочи дека вакцинирањето против Ковид-19 мора да остане и да биде на доброволна основа и дека нема никакво рационално оправдување за најавените рестриктивни владини мерки насочени само кон невакцинираните граѓани.
– Сметаме дека најавите за рестриктивни мерки кон невакцинираните се длабоко дискриминаторски во својата основа и истите, како одраз на неолибералниот корпоративизам, се противуставни!, велат од партијата на Апасиев.