Левица: Побаравме стручно мислење од Венецијанската комисија околу вметнувањето на етничката припадност во личните карти

од Nikola Popovski
240 прегледи

„Ја известуваме јавноста, дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, испратија писмо до претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио, во кое се бара правно мислење околу проблематичното прашање за планираното впишување на податоци за „етничка припадност“ во личните карти на македонските граѓани“, стои во партиското соопштение на Левица.

Од Левица наведоа дека причината за ова писмо, е тоа што, ова советодавно тело на Советот на Европа е составено од независни и угледни експерти по уставно право.

„Поконкретно, би Ве замолиле, до Вашите членови да ги проследите најновите измени на Законот за лична карта, кои се во легислативна процедура во македонското Собрание по скратена постапка (а кои Ви ги доставуваме во прилог), и да се произнесете за истите – особено од аспект на нивната усогласеност или неусогласеност со европската пракса и со легислативата на земјите-членки на Советот на Европа, како и во светло на компаративните искуства од други држави“, стои во барањето.

Слични содржини