Левков: Не ги знаеме резултатите, никој не ги знае

од Nikola Popovski
265 прегледи

Не ги знаеме резултатите. Никој не ги знае. Тоа што можевме да го дознаеме е енергијата што ја видовме денеска, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков, на првата прес-конференција на неговата партија за впечатоците од првиот круг на локалните избори.

Според него, во најголемата опозициска партија сакале поголема излезност.

-Меѓутоа видовме охрабрени луѓе кои споделуваа и на статуси кои што даваа поддршка на надежта и новата иднина, но видовме и многу притисоци. Според тоа, очекуваме и многу добар резултат и се надеваме со уште поголема излезност во вториот круг, со што ќе ставиме крај на оваа хунта, истакна Левков и додаде дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има обраќање подоцна во текот на ноќта.

Слични содржини