LG G7 ThinQ е на само една недела од официјалната промоција, но најверојатно сте го виделе новиот предводник во едно од многуте „протекувања“ што се појавија на мрежата. Вчера, Еван Блас, кој објави нова слика на неговата сметка на Твитер, се придружи кон нив.
Фотографијата ги покажува сите страни на новиот телефон и конечно ги отстранува сите непознати, барем во однос на дизајнот на моделот.
Досега знаеме дека LG G7 ThinQ ќе биде достапен во пет нијанси и ќе може да го скрие пресекот, со затемнување на горниот дел на екранот. На левиот страничен панел пак ќе има физичко копче што се користи за активирање на Google Assistant. Ова го продолжува трендот за слични копчиња што ги гледаме на некои телефони на Samsung. За разлика од Bixby, барем асистентот на Google е навистина корисен, па затоа не е лошо.
ThinQ е сигнал за присуство на некои AI параметри. Интересно, LG го објави софтверот за својот минатогодишен V30, кој го преименува во V30 ThinQ, па така компанијата очигледно сака да го наметне овој бренд.