LG ги претстави G7 One и G7 Fit

од Vlatko K
87 прегледи

Неколку дена пред почетокот на IFA 2018, LG објави два нови паметни телефони, кои ќе ги демонстрира на настанот. Тие се LG G7 One и LG G7 Fit и може да се сумираат како поевтини верзии на G7 ThinQ.

LG G7 One е првиот модел на компанијата под капа на Android One. Ова значи дека уредот работи со непроменет Android од Google, верзија 8.1 Oreo. Ако ви недостасува Nexus, а не сакате Pixel, паметните телефони на Android One се најдобриот избор.

Иако е подостапен од G7 ThinQ, G7 One е доста моќен. Чипсетот му е минатогодишниот првак на Android-ите – Snapdragon 835, а останатите карактеристики се скоро на топ модел – 6.1-инчен екран со резолуција 3120 x 1440 пиксели и сооднос 19.5: 9, 4 GB RAM меморија, 32 GB простор, слот за microSD картичка; главната камера од 16 MP и предната камера од 8 MP со широкоаголни леќи; скенер за отпечаток од прст, батерија со брзо полнење од 3000 mAh; четворка DAP (дигитално-аналогни конвертори на звук) и IP68 отпорност на вода и прашина со воениот стандард MIL-STD 810G. Всушност, ова е LG G7 ThinQ со разумни компромиси во спецификациите.

LG G7 Fit не е телефон за фитнес, туку само уште поприфатлива верзија на LG G7 One. Разликите во хардверот се бројат за прсти. Fit е базиран на Snapdragon 821 чипсетот, има до 64 GB проширен простор и работи на Android 8.1 Oreo со LG UX интерфејсот. Исто така, не е предвидено копче на Google Assistant.

LG не објави цена и датуми за лансирање на пазарите. Веројатно овие детали ќе останат за IFA 2018.