Либан го обвини Израел за смртта на новинарот на Ројтерс

од Nikola Popovski

Либанските власти денеска го обвинија Израел дека е одговорен за нападот во кој во петокот беше убиен новинар на Ројтерс и ранети неколку други во јужен Либан. Израелската војска соопшти дека го истражува случајот.

„Израелскиот непријател истрела ракета чија цел беше возило на цивилен новинар, што доведе до смрт на новинарот Исам Абдалах“ и рани неколку други новинари, се вели во соопштението на либанската армија, пренесе АФП.

Либанското Министерство за надворешни работи го осуди нападот на платформата X како „намерно убиство“ и „флагрантен напад врз слободата на печатот“. Израелската армија денеска соопшти дека „длабоко жали“ за смртта на новинарот, но не ја призна одговорноста и тврди дека истражуваат.

Либанскиот новинар Абдала (37) бил убиен, а шест негови колеги: Американец, тројца Либанци и двајца Ирачани беа ранети во петокот додека известувал во близина на селото Алма ел Шаб на југот на Либан, на границата со Израел.

За време на војната меѓу Израел и Хамас, владејачката партија во Појасот Газа, по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври, либанскиот Хезболах размени оган со израелската армија, а имаше обиди да ги вметне своите сили од југот на Либан во северот на Израел.

Новинар на американскиот АФП, ранет од шрапнели, изјавил дека снимале израелски артилериски оган на оддалечен рид и дека биле опремени со елеци и шлемови.

Тој појаснил дека во близина немало воена активност или артилериски оган и дека одеднаш слушнале пукање од друга насока во близина на границата. Кога ги свртеле камерите во таа насока, биле погодени од ракетен оган од израелска страна, рекол новинарот.

Телевизијата Ал Џезира го обвини Израел дека ја истрелал ракетата од хеликоптер. Пограничната област е место на конфликт речиси една недела, но операциите се ограничени, како и израелските бомбардирања во близина на пограничните села во јужен Либан.

Сепак, тензиите растат од ден на ден, а мировниците на ОН предупредија дека конфликтот може да се прелее и да излезе од контрола.

Слични содржини