Либанската влада воведува сеопфатни реформи за да ги смири незадоволните граѓани

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Либанската Влада денеска ги одобри сеопфатните реформи со кои се надева дека ќе ги смири стотиците илјади незадоволни граѓани, кои со денови протестираат повикувајќи ја владата на премиерот Саад Харири да поднесе оставка.

По денешната седница на владата Харири пред новинарите кажа дека е одобрен буџетот за 2020 година со дефицит од 0,6 отсто, без воведување нови даноци, пренесоа американските медиуми.

Тој кажа дека платите на високите финкционери, вклучувајќи ги и членовите на парламентот, ќе бидат преполовени во рамки на пакетот економски реформи.

Харири додаде дека Централната банка и банкарскиот сектор со околу 3,4 милијарди долари ќе помогнат во намалување на дефицитит.

Владата, исто така, го одобри укинувањето на повеќе државни институции, вклучувајќи го и Министерството за информации.

Владата ќе им даде и повеќе милиони долари на семејствата кои живеат во сиромашптија, како и 160 милиони долари за станбени кредити.

Харири овие мерки ги опиша како „финансиски пуч“.

Слични содржини