Либанските војници се повлекоа од границата со Израел

од Nikola Popovski
29 прегледи

Либанските војници се повлекоа од позициите долж јужната граница на Либан со Израел за најмалку пет километри, изјави извор од либанската служба за безбедност за Ројтерс.

Повлекувањето доаѓа кога се зголемуваат навестувањата за неизбежен израелски копнеен упад во јужен Либан.

Либански воен претставник со слична изјава за АФП: дека либанската армија преместува војници стационирани долж јужната граница.

Неименуваниот извор информирал дека силите се преместуваат и се регрупираат на јужната граница по заканите за израелски упади насочени кон упоришта на либанското вооружено движење Хезболах.

Слични содржини