Либерализација на пазарот на струја

од desk3
75 прегледи

Вкупно 156 мали потрошувачи на електрична енергија ќе имаат можност да одберат од кој снабдувач ќе добиваат струја од 1 јули-јави 24 вести.

struja-630x289
Една недела пред да истече крајниот рок, МЕПСО ја објави листата на потрошувачи што ќе излезат на слободниот пазар. Станува збор за потрошувачи кои во 2015 година потрошиле над 1000 мега ват часа струја. Па така на најновата листа на квалификувани потрошувачи се најдоа фирми, универзитети, здравствени установи, амбасади, министерства, општини, јавни претпријатија.

Паралелно МЕПСО објави и листа дополнета со нови околу 24 компании што се кавлификуваат да излезат на слободниот пазар по веќе пропишан критериум, што е на сила, а ги опфаќа потрошувачите кои имаат повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од 10 милиони евра.

Повеќе ТУКА