Либерална партија предлага 23 Октомври да нема статус на државен празник, затоа што се доживува како празник на една партија, која, според нив, губи се повеќе од своите приврзаници.

„Денес, доживувајќи ја атмосферата која владее во земјата, предлагаме 23 Октомври за последен пат да има статус на државен празник.
За тоа има многу причини, од кои секоја поединечно може да биде доволна за оваа одлука.
Но, најважна е причината што го тераме народот да празнува празник на политичка партија која нагло ги губи своите приврзаници, а многу од нив остануваат дури и посрамотени од неа“, се вели во соопштението на Либерална партија.