Либертас: Богоевски тврди дека митото го поделиле – по 2,5 милиони евра за Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски

од desk3
99 прегледи

Како што пренесува интернет порталот Либертас во делот од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американсата Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзнот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.

8548943903223-540x259

Во сослушувањата пред Јужниот обласен суд на Њујорк, Богоевски сведочи и одговора потврдно на прашањата на американскиот владин адвокат, поврзани со давањето на мито на оперделени полтички партнери во тогашаната македонска влада, која ја водеше поранешниот премиер Владо Бучковски.

Така, во транскрипт што го објави Либертас на страната 25, Богоевски ги именува Бучковски и лицата А.А. и М.Џ. дека во повеќе наврати, а со посредство на луѓето на Кондоминас, примиле 7.5 милиони евра во кеш.
На прашањето дали Богоевски знае да каже со кого се поврзуваат иницијалите на А.А. и М.Џ. пораншниот шеф на тајната полиција одговора дека тоа се иницијалите на Али Ахмети и Муса Џафери, при што на Богоевски на прашањето на американскиот адвокат, одговора потврдно дека знае оти наведената сума е за поткуп на именуваните политичари.

Повеќе ТУКА