Либија се заканува дека ќе пука против воени бродови на ЕУ кои ќе ги гонат шверцерите на мигранти

од desk3
128 прегледи

Меѓународно признатата влада на Либија ги предупреди европските земји дека секој странски брод, кој влегува без дозвола во територијалните води на земјата, ќе станува цел на воздушни напади, пренесоа агенциите.

655-402-libiia-karta

Агенцијата го цитира изјава на командантот либиските ВВС Сакр ал Џаруши.

Оваа реакција беше предизвикана од постигнатата согласност од министрите за надворешни работи на ЕУ вчера да почнат поморска операција против посредници и шверцерите на луѓе, кои изложуваат на смртна закана илјади мигранти кои се обидуваат да го преминат Медитеранот, за да стигнат до ЕУ.

Обезбедувањето на согласност за таква операција од Либија, каде две ривалски влади водат хаотична вооружена борба за власт, е сериозен проблем за европските земји кои се обидуваат да го прекинат приливот на бегалци и мигранти, кои поаѓаат од либиските брегови.

Засега поморската операција на ЕУ ќе се ограничи само со собирање на разузнавачки податоци, бидејќи за нејзино проширување е потребно таа да добие “зелено светло” и од ОН.