Либискиот суд осуди на смрт 17 поранешни членови на Исламската држава (ИД), соопшти денеска либиското обвинителство.
Во соопштението се наведува дека смртните казни се изречени за осудените за учество во убиство на 53 лица во западниот либиски град Сабрата и уништување на јавен имот.
Обвинителството соопшти дека на затворски казни се осудени уште 16 милитанти, од кои двајца на доживотен затвор.