182
МВР соопшти дека полициски службеници го уапсиле Л.Б.(60) од Република Турција, на Меѓународниот аеродром Скопје во раните часови на вчерашниот ден.
За уапсеното лице при контрола и проверка било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол-Белгија за сторено кривично дело недозволена трговија со дрога. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.