Лице со македонско потекло пронајдено починато на железничка станица во Италија

од Nikola Popovski
74 прегледи

Трагедија ја потресе заедницата во малото италијанско гратче Порто Реканати, на брегот на Јадранското море. Како што информираат италијанските медиуми, бездомник со македонско потекло на возраст од околу шеесет години бил пронајден починат на 31-ви декември во близина на тамошната железничка станица.

Според италијански „Radio Erre“, лицето често престојувало на железничката, но никогаш не правело проблеми. Им бил добро познат на локалните жители.

Трагичното настан бил откриен околу 16 часот на последниот ден од 2024 година, кога некои минувачи го забележале безживотното тело.

-Итната помош била веднаш алармирана, а на лице место интервенирале и здравствени работници, но, за жал неуспешно. Надлежните се обидуваат да ги разјаснат причините за смртта. Човекот никогаш не покажувал знаци на очигледни здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба, стои во текстот на италијанскиот медиум.

Слични содржини