Лични карти ќе можат да се подигнат и викендов

од Берта Китинска
452 прегледи

Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи в недела на 31 октомври 2021 година, утре и задутре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.

Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациска единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивен состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Како што информираа од МВР, од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат подрачните единици во Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат подрачните единици Струмица, Гевгелија и Радовиш.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ на 30.10.2021 година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Слични содржини