Лични карти ќе се издаваат и денеска

од Vladimir Zorba
385 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти.

Од МВР информираа дека денеска надлежните организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје – Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.

Слични содржини