Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување

од Nikola Popovski
195 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека личните карти со старото уставно име ќе важат согласно важечкиот втистнат датум и истите нема потреба да се менуваат доколку имаат ефективен рок на важење.

Според Тошковски, за личните карти не важи правилото кое што важеше за возачките дозволи и пасошите.  Министерот појасни и дека огромен број од возачките дозволи се веќе заменети со новото уставно име.

-Повторно упатувам апел полициските службеници да ги имаат во предвид, одредбите кои се законски дефинирани во делот на опоменување и укажување. Согласно искуствата врз основа на важечка лична карта, апсолутно може да се излезе од Македонија во рамките на државите со кои што имаме билатерални договори со важечка лична карта. Предметната лична карта може да стане неупотреблива доколку тоа го констатира државата согласно закон или акт. Сите важечки лични карти ќе можат да се употребуваат во сите држави со кои што имаме билатерален договор, додаде министерот при посетата на општина Желино каде што отвори нова канцеларија на Управните служби на МВР.

По промената на уставното име на државата, согласно Преспанскиот договор, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година и во него беше предвидено рок од пет години за промена на документите. Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а уставните амандмани за промена на името во Северна Македонија беа изгласани во Собранието на 11 јануари 2019 година.

По објавувањето на измените во Службен весник во февруари 2019 година, петгодишниот рок почна да тече согласно Договорот.

Слични содржини