„Во светот и во Република Северна Македонија младите се незаинтересирани да се вклучат во политиката и да гласаат на избори, без разлика дали се локални, парламентарни или претседателски. Затоа да не бидеме неми, да дадеме шанса на демократијата, ги повикаа сите партии со нивните подмладоци да размислат за инцијатива, младите од 16 години да имаат шанса да го дадат гласот на иднината за земјата”, беше заклучокот на јавната дискусија на тема „Намалување на старосната граница на 16 години на активно и пасивно избирачко право во Република Северна Македонија” која беше организирана од страна на Либерално-демократската младина како подмладок на ЛДП.
Претседателот на подмладокот – ЛИДЕМ, Димитар Ванчов кој модерираше на самото отворање говореше дека младите се тие кои треба да се иднината да бидат на земјата, со креирање на конструктивни политики може да бидеме рамо до рамо со своите врсници од цела Европа и тој факт не треба да го занемаруваат партиите, треба да претставуваме пример во регионот.
Генералната секретарка на ЛИДЕМ а воедно и најмладата кандидатка за градоначалничка на скорешните локални избори Теодора Димитровска упати порака: „Европските либерални политики во делот на намалување на старосната граница за правото на избор треба да се применуваат и во земјава, младите од 16 години да имаат право на глас”.
Д-р Марко Кртолица, доцент на Правен Факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје имаше свое излагање за избирачкото право, историската генеза и позитивна пракса од држави во кои избирачкото право се стекнува на 16 годишна возраст.
Од медицински аспект на избирачко право: Дали младите на 16 годишна возраст се доволно психо-физички развиени за да им се дозволи стекнување на избирачко право? Образложи и проф. д-р Антони Новотни, невропсихијатар и кандидат за градоначалник на Општина Центар на локалните избори 2021.
За крај свое видување како средношколец даде Милена Богдановиќ која аргументираше на клучното прашање Дали новото решение подобро ќе ги претстави младите и нивните интереси?
Овој настан е завршна активност на учесниците на Академијата за политичка дебата за подмладоци на политички партии. Организацијата на настанот е поддржана од Фондацијата за демократија Вестминстер преку Иницијативата за демократија за Западен Балкан. Содржината на настанот не ги изразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија Вестминстер или Британската влада.