227
Лидерите на бројни европски земји, главно од ЕУ, ветија на самитот на Советот на Европа (СЕ) во Исланд, дека Русија ќе одговара за војната против Украина, попатно откривајќи механизам кој ќе ги следи загубите и штета предизвикана за време на руските напади, објави „Ројтерс“.
Меѓу многуте лидери, на самитот се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се вклучи преку видео врска.
„Пред една година не можевме да ги собориме повеќето терористички ракети, особено балистичките. А сега прашувам едно. Ако сме способни да го направиме тоа денес, има ли нешто што не можеме да направиме?“, рече Зеленски.