Лидерите договорија датуми за избори, термините се 24 април и 8 мај

од Nikola Popovski
229 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска порача дека Владата успеала да креира стабилност, извесност и предвидливост, со оглед дека првпат после долго време ќе имаме редовни, а не предвремени парламентарни избори. После денешното одржување на лидерската средба, премиерот порача дека редовните претседателски избори има простор да се одржат на крајот на април, а редовните парламентарни на почетокот на мај.

Ковачевски предложил на 24 април да бидат првиот круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски и воедно парламентарни избори.

-На средбата заклучивме дека редовните избори ќе се одржат на тие датуми. Техничка влада ќе има од 28 јануари и законската обврска ќе се исполни, како и коалицискиот договор со ДУИ, кажа Ковачевски.

Слични содржини