Лидерите на 19 земји од ЕУ бараат од Европската комисија да ги поедностави процедурите во рамките на ЕУ

Во писмото што лидерите го испратија до Кошта пред самитот на ЕУ закажан за 23 октомври во Брисел, се наведува дека лидерите сакаат поедноставување и дерегулација за да ги зајакнат своите економии и да го „смират“ американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Политико.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Принтскрин

Лидерите на 19 земји-членки на ЕУ побараа од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ги поедностави процедурите во рамките на Европската унија.

Во писмото што лидерите го испратија до Кошта пред самитот на ЕУ закажан за 23 октомври во Брисел, се наведува дека лидерите сакаат поедноставување и дерегулација за да ги зајакнат своите економии и да го „смират“ американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Политико.

„Поедноставувањето е клучот за конкурентноста“, се наведува во писмото, кое го потпишаа, меѓу другите, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон.