Лидерите на Г7 го осудија рускиот напад врз Кременчук

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Лидерите на Групата на седумте најразвиени земји во светот, собрани на годишниот самит во јужна Германија, го осудија како „одвратен“ руски ракетен напад врз трговскиот центар во украинскиот град Кременчук.

„Сочувствуваме со Украина во жалоста за невините жртви на овој брутален напад“, напишаа тие во заедничката изјава објавена на Твитер од портпаролот на германската влада, пренесе „Ројтерс“.

„Рускиот претседател Путин и одговорните ќе одговараат“, изјавија лидерите на Г7

Слични содржини